SportM
Фудбал

Лоша ноќ за римските клубови

Д М19 сеп 2021
Лоша ноќ за римските клубови

Лоша ноќ за римските клубови во четвртото коло од Серија А.

Лацио беше фаворит на домашен терен против Каљари, но натпреварот заврши 2:2.

Домашниот тим поведе преку Имобиле во 45. минута, а гостите во потоа направија пресврт. Најпрво, Жоао Педро погоди во 46. минута за 11, а Балде во 62. минута беше стрелец за 1:2.

Бод за Лацио донесе Каталди со гол во 83. минута.

Во одличен натпревар Рома беше поразена од Верона со 3:2.

Првото полувреме понуди солиден фудбал, а голот на гостите го постигна Пелегрини во 36. минута од играта за 0:1.

Потоа следуваше лудница на терен.

Барак во 49. минута и Капрари во 54. минута го превртија резултатот и ја доведе Верона во водство од 2:1, но Рома брзо возврати во 58. минута кога Илиќ постигна автогол за 2: 2.

Триумфот на Верони му го донесе Фараонот со гол во 63. минута, на асистенција на Симеоне.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.