SportM
Фудбал

Лоша ситуација во Реал: Уште двајца играчи заразени со корона

Д М21 дек 2021
Лоша ситуација во Реал: Уште двајца играчи заразени со корона

Фудбалерите на Реал Мадрид, Иско и Давид Алаба се заразени со корона вирусот, објави во вторникот „кралскиот клуб“.

Клубот од стадионот „Сантијаго Бернабеу“ се соочува со големи проблеми поради бројните позитивни тестови на коронавирус. Во вторникот беше објавено дека Иско и Алаба се заразени.

Ова се уште двајца играчи на кои тренерот Карло Анчелоти нема да може да смета во следниот период.

Минатата недела позитивни резултати добија Лука Модриќ, Родриго, Марко Асенсио, Герет Бејл, Марсело, Андриј Лунин. Иако подоцна беше објавено дека и Модриќ добил негативен тест, тој е надвор од тимот бидејќи не се чувствува добро.

Следниот натпревар Реал го игра во среда, а ривал ќе им биде Атлетик Билбао. Тоа ќе биде последен натпревар на „кралскиот клуб“ во 2021 година.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.