SportM
Фудбал

Лоши вести за Челзи, напаѓачот ја заврши сезоната, а можеби и цела 2023 година!

Д М13 дек 2022
Лоши вести за Челзи, напаѓачот ја заврши сезоната, а можеби и цела 2023 година!

Напаѓачот на Челзи, Армандо Броја ќе мора да оди на операција на коленото, поради што ќе отсуствува подолго време.

Според последните информации од Островот, на Броја ќе му биде извршена операција, по што ќе мора да оди на рехабилитација најмалку пет месеци, а можеби и до една година, во најлошото сценарио.

Ова е секако лоша вест за Греам Потер, бидејќи Челзи веќе тапка во место во нападот, а Пјер-Емерик Обамејанг целосно колабира пред паузата поради Светското првенство.

Нема сомнеж дека повредата на Броја дополнително ќе влијае на одлуката на Челзи да купи нов напаѓач, веќе во јануари.

Кој е најдоброто решение?

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.