SportM
Фудбал

Лоши вести за Интер пред големото дерби против Лацио

Д М15 фев 2020
Лоши вести за Интер пред големото дерби против Лацио

Стефано Сенси одлично ја отвори сезоната откако пристигна од Сасуоло во Интер.

Овој 24-годишен играч од средниот ред ги воодушеви сите со своите игри во Интер на почетокот на сезоната, но потоа се појавија проблеми со повреди. Сенси неодамна се врати на теренот, но го загуби местото во почетниот состав на Интер.

Но, тој полека се враќаше во својата соодветна форма, но тој повторно беше повреден во најлош момент. Интер потврди дека Сенси се здобил со повреда на левата нога и ќе биде надвор од терените околу три недели.

Оваа повреда доаѓа во лошо време за Интер кој има навистина пеколен распоред. Така, Антонио Конте нема да смета на Сенси овој викенд во големото дерби против Лацио, но во Интер се надеваат дека може да се врати на терените до 1 март кога ќе игра против Јувентус.

Сенси оваа сезона има одиграно 17 натпревари и има постигнато три гола и забележа четири асистенции. Поради проблеми со повреда, тој веќе пропушти 12 натпревари.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.