Лоши вести за навивачите: Крај за Челзи во Лигата на шампионите?

Актуелниот европски шампион Челзи е во огромни проблеми поради санкциите против сопственикот на клубот Роман Абрамович.
Рускиот тајкун се уште е сопственик на лондонските сини. Тој го стави клубот на продажба, но неговото функционирање е исклучително тешко поради бројните санкции и затворени сметки.
Абрамович е под санкции на Европската унија и тоа го отежнува клубот уште повеќе. Утрешниот натпревар од Лигата на шампионите, на гостување против Лил е под прашалник, поради новите санкции против рускиот милијардер, тврди L’Equipe,
Наводно, поради сите санкции на Европската унија, осминафиналниот дуел од Лигата на шампионите е доведен во прашање, а тоа би значело дека Челз ќе испадне од најелитното европско натпреварување.
Lille's match with Chelsea in the Champions League on Wednesday is threatened by the fresh EU sanctions against Roman Abramovich, according to L'Equipe.
Source quoted as saying there is a "real risk" to the game going ahead.#LOSC #CFC
— Robin Bairner (@RBairner) March 15, 2022
Во случај УЕФА да добие забрана за настап, веројатно би регистрирале меч 3-0 во корист на Лил, а сините би останале без пласман во четвртфиналето. Сепак, УЕФА вети дека натпреварот ќе се одигра, но ќе треба да почекаме до утре за да видиме што ќе биде.
Челзи е во навистина тешка ситуација и прашање е што ќе биде со клубот додека не се најде нов купувач.



