SportM
Тајм аут

Луда забава на неколку фудбалери, полицијата интервенирала, клубот најави истрага!

Редакција23 апр 2025
Луда забава на неколку фудбалери, полицијата интервенирала, клубот најави истрага!

Неколку играчи на Порто беа фатени на роденденска забава која излезе од контрола и беше потребна полициска интервенција во мугрите, а португалскиот клуб оттогаш започна истрага.

Весникот Рекорд објави дека на забавата за 23-от роденден на Отави, одржана во областа Боависта во Порто, присуствувале фудбалерите Џало, Мартим Фернандес, Вилијам Гомес, Фабио Виеира и Жоао Марио.

Според фотографиите кои кружат на социјалните мрежи и достапните извештаи, последните играчи кои го напуштиле настанот го сториле тоа околу 4 часот наутро, по интервенција на полицијата. Фудбалерите на Порто беа под “полициски час” и требаше да тренираат тоа утро, па клубот веднаш покрена внатрешна истрага.


Оној кој е изземен од случајот е Мартим Фернандес, кој негираше дека ја напуштил роденденската забава на Отавио во 4 часот наутро и тврдеше дека има доказ дека се вратил дома околу 1 часот по полноќ во понеделникот.

Фотографиите направени од член на клубот и брзо се раширени на социјалните мрежи стигнаа до управата на сино-белите, која ќе одлучи за следните чекори, со оглед на тоа што играчите го прекршиле “полицискиот час” и внатрешните прописи на клубот.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.