Лудило поради дресот на Лионел Меси: Сите се распродадоа за рекордно време

Пристигнувањето на Лионел Меси во ПСЖ предизвика целосен хаос меѓу навивачите на парискиот клуб.
Еден од најголемите фудбалери на сите времиња вчера потпиша двегодишен договор со парискиот клуб, а навивачите на овој тим се пресреќни што Лео ќе го носи нивниот дрес.
Фактот дека дресовите што се појавија синоќа во продажбата преку Интернет се целосно грабнати доволно зборува за лудилото предизвикано од доаѓањето на аргентинската суперѕезда.
The PSG shirt with "MESSI 30" on the back is SOLD OUT on PSG's official web shop. That has to be a record time, surely … pic.twitter.com/ejVBYqmyCn
— Jonas Adnan Giæver (@CheGiaevara) August 10, 2021
За 30 минути, сите сини дресови со бројот 30 исчезнаа, а за рекордно време од 20 минути, исчезна и гостинската бела варијанта на дресот.
The PSG away shirt with Messi on the back sold out in 20 minutes. 😮 pic.twitter.com/sC17e8dPFy
— Football Tweet ⚽ (@Footballtweet) August 11, 2021
Сигурно е дека ПСЖ ќе добие многу од продажбата на дресови и сувенири со ликот на Меси, а за нив доаѓањето на Лео во клубот е огромна добивка во областа на маркетингот.
Цената на дресот во официјалната продавница на ПСЖ е 108 евра, а некои фанови веднаш одлучија да заработат. Оние кои успеаја да го „грабнат“ дресот, сега го продаваат по рекордни цени кои достигнуваат неколку илјади евра.
Оние кои не успеаја да го добијат дресот преку Интернет утрово од раните утрински часови, чекаат ред да го купат дресот, а сцените пред клупската продавница се неверојатни.
The queue for a Messi shirt outside PSG’s club shop this morning 👀
(via @RemyBuisine)pic.twitter.com/7N9DwKZvuH
— ESPN FC (@ESPNFC) August 11, 2021
Исто така, исчезнаа билетите за вториот натпревар сезонава против Стразбур, а на црниот пазар може да се купат за огромни суми кои достигнуваат и до 1.500 евра.
Постои голема веројатност Лео да ги одигра своите први минути во дресот на новиот клуб на овој натпревар, а она што е сигурно е дека нема да биде на теренот од самиот почеток.



