Лудост или љубов? Бројката од која Жерар Пике се откажа за Барселона е неверојатна

Жерар Пике (35) оваа сезона нема да биде главниот избор на Чави Ернандез во дефанзивната линија.
Има многу фудбалери кои се пред клупската легенда, но тоа не му пречи бидејќи од љубов кон Барселона е подготвен на неверојатни работи.
Пике повторно е меѓу фудбалерите од кои беше побарано намалување на платите пред почетокот на новата сезона. Клубот мора да регистрира нови фудбалери и потребно е одредени фудбалери да се откажат од големи примања.
Како еден од капитените, 35-годишниот Пике беше меѓу првите кои разговараа за намалувањето. Тој буквално не ни мораше да го прашаат бидејќи веднаш се согласи да се откаже од големиот приход.
Шпанските медиуми тврдат дека Пике во новата сезона требало да заработи нереални 52 милиони евра бруто или 26 милиони нето, но тој решил да се откаже од оваа бројка во корист на клубот.
Легендарниот дефанзивец е подготвен да оди чекор понатаму, па дури и да игра бесплатно за својот сакан клуб и навистина е ретко да се види некој да се откаже од толку многу пари за клуб што му значи толку многу во животот.
Сепак, Жерар Пике размислува и за иднината. Тој изрази желба да ја преземе функцијата претседател на клубот во наредните години и смета дека откажувањето од неговата плата би било плус во трката за оваа функција.
Секако дека се уште нема намера да ја заврши кариерата. Тој ќе се обиде да се избори за своето место кај Чави Ернандез, иако наводно ќе биде само петти стоперски избор на тренерот на каталонскиот клуб.
Жерар Пике помина низ познатата школа на Барса Ла Масија. Како 17-годишен тинејџер, тој замина во Манчестер Јунајтед, но се врати во Барселона четири сезони подоцна (2008).
Тој освои се што можеше со каталонскиот гигант во претходните 14 години. Беше важно тркало во освојувањето на бројни трофеи, а вкупно одигра 606 натпревари и постигна 52 гола.



