Луис Суарез откри дали сè уште ги следи натпреварите на Барселона и дали има облог меѓу него и Меси

Уругвајскиот напаѓач Луис Суарез минатото лето неочекувано се пресели од Барселона во Атлетико Мадрид.
Суарез обезбеди одлични игри во дресот на каталонскиот клуб, но поранешниот претседател Жозеп Бартомеу, на изненадување на сите, реши да го стави на трансфер листата и да му каже дека е вишок во клубот.
Уругваецот на крајот се пресели во Атлетико Мадрид и продолжи да игра во одличн форма, а во Барселона сега сигурно жалат што толку лесно пуштија еден од најдобрите напаѓачи во светот во клубот со кој се борат за титулата.
Суарез вчера даде интервју за Марка во кое, меѓу другото, откри дали сè уште ги следи натпреварите на Барселона.
“Сè уште ги гледам натпреварите на Барселона затоа што обожавам фудбал, и многу мои пријатели играат таму. Му се восхитувам на тимот чии бои ги бранев и секогаш ќе бидам благодарен на Барселона”, призна Суарез.
Тој исто така рече дека нема обложување меѓу него и Лионел Меси кој ќе биде најдобар стрелец во Ла Лига. Во моментов Меси е во предност со 23 гола, а Суарез постигна четири гола помалку.
“Облогот со Меси за тоа кој ќе го постигне повеќе голови сè уште не постои, но би можеле да смислиме нешто во последните неколку рунди. Секој ден разговарам со Меси. Разговараме многу за фудбалот, но и за приватните работи”, Додаде Суарез.



