SportM
Фудбал

Луис Суарез потпиша!

Д М28 јул 2022
Луис Суарез потпиша!

Луис Суарез и официјално е нов/стар репрезентативец.

 

Откако синоќа самиот Луис Суарез објави дека постигнал договор со уругвајскиот клуб, клубот од Монтевидео денеска го официјализираше доаѓањето на напаѓачот.

„Среќни сме што повторно ве гледаме во најубавиот дрес на светот. Драго ни е што сте дома“, напиша Национал.

“Сега е официјално! Горд сум што повторно го носам дресот на Национал. Ви благодариме на сите за поддршката! Се гледаме наскоро”, напиша Суарез.

 

Суарез потпиша петмесечен договор со Национал и во овој клуб ќе се обиде да го заслужи своето место меѓу патниците на Светското првенство во Катар.

 

Да потсетиме, Суарез претходните две години настапуваше за Атлетико и со овој клуб ја освои титулата шампион на Шпанија во 2021 година, а претходно со значителен успех играше за Ливерпул, Ајакс, Гронинген и Национал, во кој сега се врати.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.