SportM
Фудбал

Лука Јовиќ се согласи да го напушти Реал Мадрид, во тек се преговори меѓу клубовите

Д М12 јан 2021
Лука Јовиќ се согласи да го напушти Реал Мадрид, во тек се преговори меѓу клубовите

Лука Јовиќ се согласи да го напушти Реал Мадрид и тој би можел да замине на позајмица во Ајнтрахт Франкфурт до крајот на сезоната.

 

Според Sky Sports, Ајнтрахт и Реал Мадрид веќе се во преговори за заем. Јовиќ сака да се врати во Германија и сигурно е дека тоа може да се случи многу скоро.

Јовиќ со фантастични игри во дресот на Ајнтрахт обезбеди трансфер во Реал Мадрид вреден над 60 милиони евра.

Сепак, тој не успеа во Мадрид. Повредите беа чести, Лука не беше во форма и долго време се зборуваше за неговото заминување.

Сега тој е сигурен и веројатно повторно ќе го видиме Јовиќ во дресот на Ајнтрахт.

Јовиќ одигра 32 натпревари за Реал Мадрид и постигна два гола.

 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.