Поврзи се со нас

Фудбал

Лука Јовиќ веќе го знае клубот за јануари?

Лука Јовиќ најверојатно ќе го напушти Реал Мадрид во јануари и ќе замине за Франција.

За услугите на Јовиќ е заинтересиран Монако, предводен од хрватскиот стручњак Нико Ковач.

Тешко е да се очекува дека Зидан повторно ќе му даде шанса на српскиот напаѓач во Реал, па заминувањето е реална опција.

Јовиќ би го заменил Бан Једер во Монако, и најверојатно ќе биде на позајмица за година или две.

Шпанските медиуми наведуваат дека Јовиќ е веќе свесен дека сигурно би имал место во тимот и конечно ќе добие можност да ги покаже своите квалитети.

Интересно е што Ковач летово го посакуваше Јовиќ, кого добро го познава од Ајнтрахт Франкфурт, но трансферот не се случи.

loading...

Facebook