SportM
Фудбал

Лукаку можеби не ни сонувал дека ќе го сруши рекордот на својот идол

Д М4 сеп 2018
Лукаку можеби не ни сонувал дека  ќе го сруши рекордот на својот идол

Следниот гол на Ромелу Лукаку во Премиер Лигата ќе биде значаен, бидејќи ќе го сруши рекордот на својот најголем идол – Дидиер Дрогба.

Белгискиот напаѓач со два гола против Барнли достигна број од 104 гола во Премиер лигата, а Дидиер Дрогба постигна исто толку голови во англиската елита за Челзи.

Она што го прави Лукаку поважен, е фактот дека белгиецот има само 25 години и постигна 104 гола во 244 натпревари, што е 30 натпревари помалку отколку што е потребно за да го достигне истиот број голово како Дрогба.

Ако Дидиер Дрогба е еден од најдобрите напаѓачи што ги видел Премиер Лигата, тогаш сега е право време да се каже дека Ромелу Лукаку припаѓа во неговата класа. Па кој знае уште што ќе направи напаѓачот на Манчестер Јунајтед во годините што следуваат.

https://twitter.com/utdxtra/status/1036281715986186241

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.