SportM
Фудбал

Лукаку: На 15-годишна возраст кренав 100 кг на бенч

Д М15 апр 2021
Лукаку: На 15-годишна возраст кренав 100 кг на бенч

По 30 одиграни кола во Серија А, Интер е лидер на табелата со 74 бода, 11 повеќе од градскиот ривал Милан, и 12 повеќе од Јувентус.

Еден од најзаслужните ако не и најзаслужниот за тоа е напаѓачот на „нероазурите“, Ромелу Лукаку. Одличниот Белгиец досега постигна 21 гол во Серија А и во моментов е втор стрелец во лигата.

Белгискиот напаѓач вчера одговори на интересни прашања од фановите на Инстаграм во живо на страницата 433. Некои од нив беа многу интересни.

„Искрено не очекував дека ќе играме толку добро оваа сезона и ќе имаме таква предност. Мислам дека Серија А е навистина комплицирана лига, мора да се подготвуваш за секој натпревар поединечно и секогаш имаш нови предизвици. Секоја игра е различен тест. Сето тоа ми помага да станам подобар играч, но тоа е напорна работа“.

Една од неговите заштитени марки се мускулите и силата што ги поседува, па еден обожавател се прашувал колку тренира.

„Хаха, ќе ти кажам нешто. Кога имав 15 години, лесно можев да кренам 100 килограми на бенч, но денес тоа не ми е дозволено. Не затоа што не можам, туку затоа што тренерите за фитнес не ми дозволуваат. Се обидов еднаш, а потоа тие се налутија на мене“.

„Во суштина, единственото нешто што ми е дозволено да го правам во теретана се кардио вежби со овие еластични ленти околу половината за да одржам стабилност“, открива Лукаку.

Оваа сезона тој постигна 21 гол на 29 натпревари и е на второто место на листата на стрелците, веднаш од недопирливиот Кристијано Роналдо кој ја затресе мрежата на 25 погодоци оваа сезона.

27-годишниот напаѓач пристигна на Меаца летото 2019 година, а пред Интер ги носеше дресовите на Манчестер Јунајтед, Евертон, Челзи, ВБА и Андерлехт.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.