SportM
Фудбал

Лукавиот Дембеле се обиде да избегне склекови, а потоа Обамејанг и Де Јонг сфатија што прави

Д М23 јул 2022
Лукавиот Дембеле се обиде да избегне склекови, а потоа Обамејанг и Де Јонг сфатија што прави

Фудбалерите на Барселона се во САД каде се подготвуваат за новата сезона.

 

Каталонците најпрвин минаа неколку дена во Мајами каде одиграа подготвителен натпревар против Интер, а вчера пристигнаа во Лас Вегас каде утре ќе ги одмерат силите со Реал Мадрид.

 

Барселона летово направи одредени промени во играчкиот кадар, а атмосферата се чини одамна не е подобра.

Тоа го потврдува и видео од еден од тренинзите на каталонскиот клуб, на кој во центарот на вниманието беше Усман Дембеле кој лукаво се обидуваше да ги избегне вежбите, но на крајот не успеа.

 

Имено, Дембеле беше во тимот кој беше поразен на тренинг и поради тоа мораше да прави склекови со другите соиграчи, но се обиде едноставно да се оддалечи и да се „преправа дека е Англичанец“.

 

Сепак, Пјер-Емерик Обамејанг и Френки де Јонг сфатија што се обидува да направи Дембеле и го спречија, а Французинот мораше да направи десет склекови.

 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.