Connect with us

Тајмаут

Лутиот Роберто Карлос се огласи по седмиот развод: Не сум бездомник, живеам кај роднина!

Прославениот бразилски фудбалер Роберто Карлос минува низ уште еден тежок период по седмиот развод, а денеска ги демантираше гласините дека живее во кампот на Реал Мадрид.

Педесет и едногодишниот Карлос по 15 години брак се разведе од сопругата Маријана Лукон, а денеска на Твитер се осврна на гласините за тоа каде живее.

Како што рече, гласините дека се преселил во кампот на Реал Мадрид, кои потекнуваат од британските медиуми се луди и далеку од вистината. Тој вели дека моментално живее во станот на еден од членовите на неговото семејство.

Последниве денови се шират штетни и лажни приказни за мене и моето семејство. Ја ценам мојата приватност, но морам да ги демантирам лудите гласини за тоа каде живеам. Овие измислени приказни постојат само за да генерираат лавина кликови и читателска публика. Моментално живеам во стан на член на семејството. Моите адвокати ги истражуваат споменатите наводи и лаги и можно е да поднесеме пријава. Ве молиме почитувајте ја мојата приватност, напишал легендарниот Бразилец.

Разводот на Карлос со Лукон ќе биде комплициран поради богатството што го стекнал за време на бракот со неа, а кое се проценува на 160 милиони долари. Карлос денес работи како амбасадор на Реал Мадрид, а зад него е кратка и не многу успешна тренерска кариера во Турција. Тој ги водеше Сиваспор и Акисарспор. Тој во својата играчка кариера помина 11 години во Реал Мадрид, за кој постигна 70 гола. Тој е еден од најдобрите леви бекови во историјата.