SportM
Ракомет

Македонија беше пред победа, но одигра нерешено со Унгарија на стартот на ракометното СП

Редакција15 јан 2025
Македонија беше пред победа, но одигра нерешено со Унгарија на стартот на ракометното СП

Македонија со нерешен резултат 27-27 против селекцијата на Унгарија, го стартуваше Светското првенство 2025 кое се игра во Хрватска, Данска и Норвешка. Вечерва во Вараждин се одигра возбудлив, борбен и крајно неизвесен натпревар во кој двете селекции се менуваа во водството, и двете репрезентации силно ја посакуваа победата.

Лош почеток имаше македонската репрезентација, па Унгарците дојдоа до 5-2. Сепак, после ова Македонија се разбуди и дојде до предност.

Од тој миг Македонија одигра феноменално до крајот на полувремето, а само лошиот финиш придонесе на паузата да заминеме со егал од 14-14. Иако водеше селекцијата на Македонија од 14-12, сепак неколку грешки, нереализиран пенал и два брзи гола на Унгарците придонесоа на пауза да се замине со нерешен резултат.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.