Македонија остана на 68. место на најновата ФИФА ранг листа
Д М25 окт 2018

Македонската фудбалска репрезентација го задржа 68-то место на ФИФА ранг-листата објавена денеска.
Од противниците на Македонија во групата од Лигата на нации најдобро котира Ерменија (101. место), Лихтенштајн е на 182.позиција, додека Гибралтар се наоѓа на 190. место.
На врвот и натаму е Белгија пред Франциај и Бразил. Во ТОП 10 уште се и: Хрватска, Англија, Уругвај, Португалија, Швајцарија, Шпанија и Данска.
Следното рангирање Светската фудбалска федерација ќе го изврши на 29 ноември.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



