SportM
Фудбал

Македонската фудбалска репрезентација до 17 години поразена од Исланд

Д М25 окт 2022
Македонската фудбалска репрезентација до 17 години поразена од Исланд

Македонската репрезентација составена од фудбалери до 17 години попладнево загуби соодветната селекција на Исланд со 3:0 во првото коло од квалификацискиот натпревар за пласман на Европско првенство што ќе се одржи во Унгарија 2023 година.

На тренинг центарот „Петар Милошевски”, репрезентацијата на Исланд одигра одличен натпревар, успеа да ги искористи нашите грешки во одбраната и да забележи многу значајна победа во борбата за пласман во елитната рунда на квалификации.

Стрелец на два погодоци за репрезентацијата на Исланд беше Гудјохнсен еднаш погоди Кјатарсон.

Селекторот Вујадин Станојковиќ натпреварот го почна со следниот состав: Вргов, Мемиши, Мелиќи, Јовановиќ, Велков, Димитријевски, Љубевски, Манојлов, Елмас, Алији, Ајетовиќ.

Во вториот натпревар од групата 9, Франција ја оправда фаворитската улога и славеше убедлива победа со 4:0 над Лускембург.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.