SportM
Други

Македонската репрезентација обезбеди пласман во четвртфиналето на Светското првенство

Редакција4 јун 2025
Македонската репрезентација обезбеди пласман во четвртфиналето на Светското првенство

 Македонската кугларска репрезентација ќе игра во четвртфиналето на Светското првенство во Унгарија.

По одигрувањето на последното коло од Д-групата, Македонија го освои второто место зад Чешка, а пред Хрватска и Франција и обезбеди пласман помеѓу осумте најдобри на репрезентации.

Македонските куглари загубија од Чешка со 2:6, а ги совладаа Хрватска со 5:3 и Франција со 7:1.

Во четвртфиналето на Мундијалот 2025, Македонија ќе игра против  Австрија, која го освои првото место во Б-групата.

Натпреварот ќе се игра утре (5 јуни) со почеток во 12:30 часот.

Во женска конкуренција, Македонија не ја помина групата по поразите од Хрватска и Словенија и нерешениот исход со Естонија.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.