SportM
Фудбал

Македонски фудбалски тим со долгогодишна традиција бара фудбалер преку оглас, почетна плата 24.400 денари!

E R11 дек 2025
Македонски фудбалски тим со долгогодишна традиција бара фудбалер преку оглас, почетна плата 24.400 денари!

Македонскиот фудбалски тим, со долгогодишна традиција, Тетекс бара фудбалер преку оглас. Имено, во огласот објавен од Агенцијата за вработување, пишува дека фудбалскиот клуб има потреба од работно место фудбалер, една позиција, за почетна плата од 24.400 денари. Работното време на фудбалерот би било од 09 до 16 часот. Договорот би бил на неопределено време.

Зошто е ова интересно? Затоа што не е вообичаено да биде објавен оглас за ангажирање на фудбалер. Секако, и самите фудбалери кои се ангажирани од клубовите мора да бидат вработени, како и сите други, според законските норми во нашата држава, па веројатно токму затоа е објавениот оглас. Инаку Тетекс во моментов се натпреварува во Втората македонска фудбалска лига.

Во следниот ЛИНК е објавениот оглас.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.