Connect with us

Фудбал

Македонските фудбалери до 19 години поразени од Полска

Македонската репрезентација за фудбалери до 19 години претпре пораз од 4:3 од соодветната полска репрезентација на гостувањето во Варшава.

Македонија во 27-та минута поведе благодарение на автоголот на Кивиор, но Полска со головите на Богуч и Собол во 38-та и 41-та минута направи пресврт за 2:1.

Во второто полувреме Навроцки во 50-та минута зголеми на 3:1, а Баргиел во 59-та минута беше прецизен за 4:1.

Македонските фудбалери успеаа да ја намалат разликата преку Колевски во 71-та минута, а Талески кон крајот на натпреварот во 88-та минута ги постави конечните 4:3.

Македонските фудбалери до 19 години на 16-ти октомври во Бирминген ќе одиграат уште еден пријателски натпревар против Англија, како подготовка за квалификацискиот турнир за ЕП во ноември.

Реклама
Реклама

ФОТО

Повеќе од Фудбал

WP Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com