Македонско девојче на врвот на Европа, Алексовска европски првак во ММА (ВИДЕО)
Редакција23 фев 2025

Даниела Алексовска освои златен медал на Европското првенство во ММА во јуниорска конкуренција кое се одржува во Белград.
Во финалето, Алексовска викендов ја совлада Анастасија Хордовиска од Украина.
До победата Македонката дојде уште во првата рунда по извонреден зафат со нозе.
На Европско првенство во српската престолнина злато на Македонија и донесе и Марко Трајановски.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



