SportM
Фудбал

Манчестер Сити повторно се интересира за Кулибали

Д М20 окт 2020
Манчестер Сити повторно се интересира за Кулибали

Централниот бек на Наполи може да заврши на „Етихад“ стадионот откако ќе се отвори јануарскиот преоден рок

Се очекува Манчестер Сити да го разбуди интересот за Калиду Кулибали.

Англискиот клуб ќе го нападне централниот бек на Наполи веднаш штом ќе се отвори јануарскиот преоден рок.

Ова го објави италијанскиот портал „Калчомеркато“.

Италијанскиот клуб продолжува да бара 80 милиони евра за африканскиот фудбалер.

Во меѓувреме, „Граѓаните“ во моментов се подготвени да платат 60 милиони за 29-годишникот.

Кулибали во минатото се поврзуваше и со можна преселба во Ливерпул и Манчестер Јунајтед.

Стабилниот дефанзивец има договор со Наполи уште три годи.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.