Ракомет
Манасков: Играв во грч, но во вториот дел се сконцентрирав

Манасов во првото полувреме не беше оној Манасов кој ние го знаеме, тоа и самиот го призна. Но, затоа во второто полувреме се сконцентрира и се варти на победничката патека.
„Првите мечеви секогаш се тешки, под голем притисок, кои се играат во грч. Знаеме каква традиција имаме со Словенија, дека се мачиме постојано и ете јас бев во тој грч во првиот дел од мечот. Не бев сконцентриран, но се консолидирав во вториот дел и ете да помогнам да оствариме голема победа вечерва“, рече Манасков.