SportM
Фудбал

Манчестер Јунајтед договори нови засилувања: Доаѓа најскапиот бек во историјата на фудбалот?

Д М20 јун 2019
Манчестер Јунајтед договори нови засилувања: Доаѓа најскапиот бек во историјата на фудбалот?

Не е тајна дека Арон Ван Бисака е голема желба на Оле Гунар Солскјер, а најновите шпекулации од Англија, кажуваат дека овој 21-годишен фудбалер е многу близу до Манчестер Јунајтед.

Кристал Палас веќе отфрли две понуди за нивиот десен бек, но „Дејли Рекорд“ тврди дека двата клуба успеале да постигнат договор.

Очигледно, Манчестер Јунајтед одлучи да му понуди за Ван Бисака 62 милиони евра, а Кристал Палас ја прифати оваа понуда.

Ако ова е вистина, и ако Ван Бисака навистина премине во Манчестер Јунајтед за горенаведената сума, тој ќе стане најскапиот бек во историјата на фудбалот.

Сегашниот трансфер рекорд, кога станува збор за бекови, го држи Бенџамин Менди, за кого Манчестер Сити на Монако му плати нешто над 57 милиони евра.

Ван Бисака по се изгледа дека ќе стане второ засилување на Манчестер Јунајтед, откако Даниел Џејмс од Свонси пристигна во клубот.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.