SportM
Фудбал

Манчестер Јунајтед донесе одлука: Кристијано Роналдо жестоко казнет!

Д М21 окт 2022
Манчестер Јунајтед донесе одлука: Кристијано Роналдо жестоко казнет!

Кристијано Роналдо ги шокираше сите во Манчестер Јунајтед.

Португалецот наводно не сакал да влезе во финишот на натпреварот против Тотенхем викендов, а пред крајот на натпреварот ги напуштил клупата и стадионот, што предизвика огромни реакции кај медиумите и навивачите на Отсрва.

Манчестер Јунајтед веднаш реагираше, па Ерик Тен Хаг го отстрани Роналдо од тимот.

Многумина ја поддржаа оваа одлука на тренерот на Јунајтед, сметајќи дека никој не е над клубот, па ни Роналдо.

Многумина сметаат дека ваквото однесување на Роналдо е „одмазда“ кон клубот бидејќи не сакале да го продадат летово, иако немало силни понуди кои би го задоволиле Португалецот.

После се што се случи, Роналдо реши да проговори. Тврди дека е истиот човек и професионалец како што бил во овие 20 години и дека причината за се е само „жешка глава“.

Сепак, тоа не го спаси од казна. Утринава островските медиуми објавија дека Манчестер Јунајтед решил жестоко да го казни Роналдо.

Казната ќе има паричен карактер, а португалскиот фудбалер ќе биде „олесен“ за 1,2 милиони евра. Од клубот сметаат дека ова ќе биде лекција за Роналдо во наредниот период и дека треба да внимава на своето однесување. Покрај горенаведеното, Роналдо извесен период ќе тренира и со У21 тимот на Олд Трафорд.

Манчестер Јунајтед дербито против Челзи ќе го гледа без Роналдо, тоа е одлука на тренерот Тен Хаг.

Во тековната сезона, од 10 одиграни натпревари во Премиершип, Кристијано Роналдо стартуваше само во дуелите со Брентфорд и Евертон, додека беше неискористена замена на дуелите со Манчестер Сити и Тотенхем.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.