Манчестер Јунајтед го доби првото засилување во ерата на Ерик тен Хаг

Манчестер Јунајтед денеска го комплетираше првото засилување во ерата на новиот менаџер Ерик тен Хаг.
Нов член на „црвените ѓаволи“ од „Олд Трафорд“ ќе биде холандскиот фудбалер Тајрел Маласија, кој пристигнува од Феенорд.
Овој 22-годишен фудбалер е производ на младинската академија на гигантите од Ротердам. Тој игра на позицијата лев бек и ќе му биде конкуренција на Лук Шо.
Гигантот од Театарот на соништата за услугите на овој фудбалер на Феенорд ќе му плати 15 милиони евра, со дополнителни два милиони преку разни бонуси.
Маласија во наредните денови ќе пристигне во Манчестер каде ќе потпише повеќегодишен договор со Јунајтед.
Сигурно е интересно што овој 22-годишен фудбалер беше на чекор од потпис за Лион. Сепак, Јунајтед во последен момент скокна и му го грабна фудбалерот на францускиот клуб.
https://youtu.be/5faJw7wPTQc
Тајрел Маласија одигра 136 натпревари за првиот тим на Феенорд од 2017 година, а добрите игри му донесоа повик во холандската репрезентација каде одигра пет натпревари.



