Манчестер Јунајтед испрати неверојатна понуда на Атлетико, но одговорот го шокираше

Челниците на Манчестер Јунајтед на секој начин се обидуваат да доведат неколку звучни засилувања додека трае летниот преоден рок.
Манчестер Јунајтед имаше очаен старт на новата сезона во Премиершип и доживеа два неочекувани порази.
„Црвените ѓаволи“ најпрво беа поразени на домашен терен против Брајтон, додека минатиот викенд доживеаја вистинска бламажа на гостувањето кај Брентфорд кој ги совлада со 4:0.
Иако Ерик тен Хаг направи неколку промени во играчкиот кадар, јасно е дека тоа не е доволно, а челниците на Манчестер Јунајтед се обидуваат да доведат уште неколку звучни засилувања до крајот на преодниот рок.
Со Јунајтед во изминатите денови се поврзуваа голем број играчи, а вечерва медиумите во Шпанија објавија дека англискиот клуб се обидел да направи големо изненадување и да го доведе Жоао Феликс од Атлетико Мадрид.
Сепак, тоа не му успеа на Манчестер Јунајтед бидејќи Атлетико Мадрид ја одби понудата за Португалецот и им кажа на „црвените ѓаволи“ дека не е на продажба.
АС Мадрид објави дека Јунајтед понудил дури 130 милиони евра за Феликс, што прилично ги изненади челниците на Атлетико Мадрид, но набрзо потоа испратија одбивање на „Олд Трафорд“.
🚨 L’Atletico Madrid a refusé une offre de 135 M€ de Manchester United pour João Felix ! 🤯
(@marca) pic.twitter.com/JoFWL2a650
— BeFootball (@_BeFootball) August 17, 2022
Челниците на Атлетико Мадрид јасно порачаа дека Феликс може да го напушти клубот само доколку ја активираат неговата откупна клаузула која изнесува дури 350 милиони евра, што тешко се очекува да се случи.
Феликс дојде во Атлетико пред три години од Бенфика за 126 милиони евра, но не ги оправда баш очекувањата. На 112 натпревари постигна 29 гола и очекуваат да блесне во Атлетико.
Наводно, Феликс им рекол и на челниците на Атлетико дека не сака да го напушти клубот и дека не е премногу заинтересиран да ја продолжи кариерата во Манчестер Јунајтед.



