SportM
Фудбал

Манчестер Јунајтед му нуди нов договор на Мата

Д М7 јун 2019
Манчестер Јунајтед му нуди нов договор на Мата

Манчестер Јунајтед прави се за да го задржат Хуан Мата во своите редови.

Овој шпански играч беше под договор со Манчестер Јунајтед до крајот на сезоната, големо прашање е за кој клуб ќе игра по летниот трансфер период, но желбата на шефот на тимот од „Олд Трафорд“ е да остане.

„Sky Sport“ пишува дека Мата е во плановите на менаџерот Солскјаре за следната сезона и планира да му понуди нов, побогат договор за да остане во Манчестер Јунајтед.

За услугите на Мата, голем број клубови беа заинтересирани во изминатата недела, особено Атлетико Мадрид, но се чини дека целиот договор може да се промени и да се продолжи.

Мата, стана член на Манчестер Јунајтед во 2014 година, а во претходната сезона играше повеќе од 30 натпревари за англискиот тим.

Во својата кариера, тој претходно играше за Валенсија, Челзи и вториот тим на Реал Мадрид.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.