SportM
Фудбал

Манчестер Јунајтед не се откажува од Фати, но ставот на Барселона е јасен

Д М13 јун 2020
Манчестер Јунајтед не се откажува од Фати, но ставот на Барселона е јасен

Шпанските медиуми пред неколку дена објавија дека на адреса на адреса на Барселона пристигнала понуда за Ансу Фати.

17-годишниот играч доби шанса во првиот тим претходно оваа сезона и успеа да се наметне со одличните игри. Фати е сигурно откритие на Каталонците оваа сезона, и уште еден производ на одличната Ла Масија.

Тој брзо го привлече вниманието на европските клубови, а пред неколку дена беше објавено дека Манчестер Јунајтед испрати понуда за него. Наводно, „црвените ѓаволи“ понудиле дури 100 милиони евра, но Барселона одбила.

Каталонците изјавија дека не се многу заинтересирани да го ослободат Фати и дека тој може да оди само доколку некој ја активира откупната клаузула, која изнесува дури 170 милиони евра.

Спорт пишува утрово дека Манчестер Јунајтед нема да се откаже од Фати толку лесно и наводно тие подготвуваат нова понуда за него. Но, дали Барселона ќе го ослободи овој тинејџер останува да се види.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.