SportM
Фудбал

Манчестер Јунајтед не се откажува од Санчо

Д М30 јул 2020
Манчестер Јунајтед не се откажува од Санчо

„Црвените ѓаволи“ ова лето ќе се обидат да ја пренесат англиската sвезда на Борусија Дортмунд, а покрај Јунајтед интерес покажаа Челзи, Ливерпул и Тотенхем.

Манчестер Јунајтед нема намера да се откаже од Џејдон Санчо.

„Црвените ѓаволи“ ќе го зголемат притисокот врз Борусија Дортмунд ова лето за англиската ѕвезда.

„Скај спорт“ објави дека челниците на клубот од „Олд Трафорд“ ќе ја направат официјалната понуда за англискиот репрезентативец веднаш штом се отвори летниот преоден рок.

Офанзивниот играч не ја крие желбата да се врати во Премиерлигата, откако во последните две сезони во Бундес-лигата го воодушеви сите.

Поранешниот фудбалер на Манчестер Сити го сакаат и Челзи, Тотенхем и Ливерпул.

 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.