SportM
Фудбал

Манчестер Јунајтед се обидува да ги донесе играчите кои ги сакаше Жозе Мурињо минатото лето

Д М20 јун 2019
Манчестер Јунајтед се обидува да ги донесе играчите кои ги сакаше Жозе Мурињо минатото лето

Португалскиот експерт Жозе Мурињо беше отпуштен од Манчестер Јунајтед на крајот од декември минатата година.

На „Олд Трафорд“ беа многу незадоволни од резултатите на овој тим, и на крајот одлучија да му се заблагодарат на Мурињо за соработката, а на негово место дојде норвешкиот експерт Оле Гунар Солскјаер.

Солскјаер направи одличен напредок во Манчестер Јунајтед, но пред крајот на минатата сезона, тимот претрпе голем пад и неколку шокантни порази. Се очекува дека Јунајтед ќе направи неколку промени во играчкиот кадар за новата сезона, бидејќи е јасно дека сакаат да се вратат на врвот.

Она што е интересно за многумина е дека Манчестер Јунајтед за цел ги има речиси сите играчи кои Мурињо им ги кажал и со месеци им кажувал дека треба да ги донесат во театарот на соништата.

Минатото лето, Мурињо побара Хари Магуир од Лестер да биде донесен, но барањето беше одбиено. Магуир сега е споменуван како нов играч на Јунајтед.

Исто така и Иса Диоп и Деклан Рајс од Вест Хем, за што португалскиот експерт одамна рече дека ќе бидат добро засилување за Јунајтед. Но, тогаш неговото барање беше одбиено, а сега, Јунајтед овој пар сака да го донесе ова лето.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.