SportM
Фудбал

Манчестер Јунајтед во новата сезона со нов спонзор на дресот

Д М19 мар 2021
Манчестер Јунајтед во новата сезона со нов спонзор на дресот

Манчестер Јунајтед денес објави дека влегуваат во новата сезона со нов спонзор на дресовите.

Наместо американската компанија „Шевролет“, следната сезона на дресовите на „црвените ѓаволи“ ќе се појави името на технолошката компанија „ТимВјуер“.

Потпишан е огромен договор помеѓу Јунајтед и оваа компанија. Станува збор за петгодишен договор вреден вкупно 235 милиони фунти.

Јунајтед затоа ќе добива 47 милиони фунти годишно и ова е најголемиот договор за рекламирање на дрес во англиската Премиер лига.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.