Манчестер сити испиша историја со 17 последователни победи на домашен терен
Д М20 авг 2023

Англискиот фудбалски шампион Манчестер сити постави клупски рекорд по последователни победи на домашен терен. Избраниците на Пеп Гвардиола синоќа го совладаа Њукасл (1:0) во 2. коло од Премиер лигата.
Граѓаните на стадионот „Етихад“ извојуваа 17 последователни победи во сите натпреварувања. За ова време тие постигнаа 55 гола, а примија 7. На 11 натпревари не примија гол.
Манчестер сити последен пат не успеа да победи на домашен терен на 31 декември 2022 година, тогаш одигра нерешено 1:1 против Евертон.
Сподели
Поврзано
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



