Манчестер Сити му нуди на Меси договор со кој ќе биде врзан за два различни клуба

Манчестер Сити тргна по Лионел Меси, кој побара од Барселона да стави крај на соработката.
Меси е разочаран од челниците на клубот и сака да го напушти „Камп Ноу“ каде ја помина целата своја кариера досега. Тој вчера испрати писмо до просториите на клубот во кое бара прекинување на соработката или разумна бројка за негова продажба.
Веднаш после тоа, Меси започна да се поврзува со Манчестер Сити, кој очигледно има начин да го донесе Аргентинецот. Тоа е поддржано и од фактот дека Меси сака да продолжи да работи со Пеп Гвардиола.
ЕСПН пишува дека Манчестер Сити размислува да му понуди на Меси тригодишен договор, но со клаузула дека по истекот на договорот, тој ќе остане во Сити груп, но во тој случај ќе се пресели во МЛС и Њујорк Сити.
Така, Меси би минал три сезони на „Етихад“ и потоа ќе игра во Њујорк Сити што би било голема работа за тој клуб. Сепак, сè уште не е познато какви услови ќе постави Меси.



