SportM
Фудбал

Манчестер Сити победи со спектакуларен пресврт, Астон Вила се посрамоти на гости (ВИДЕО)

SPORTM.mk23 авг 2026
Манчестер Сити победи со спектакуларен пресврт, Астон Вила се посрамоти на гости (ВИДЕО)

Манчестер Сити ја започна новата сезона со победа, совладувајќи го Борнмут со 2-1 на „Етихад“. Сити го започна натпреварот со многу енергија. Рико Луис имаше добра шанса за гол уште во 4-тата минута, но противничкиот голман, Ѓорѓе Петровиќ, направи фантастична одбрана.

Натпреварот беше отворен во 26-тата минута, кога после брза акција и асистенција на Еванилсон, Маркос Таверниер го постигна голот. ВИДЕО ГОЛ

Во 39-тата минута, Ерлинг Халанд убаво шутираше со глава, но Петровиќ беше несивладлив. Првото полувреме заврши 0-1 за Борнмут.

Во 51-та минута, Марк Геи шутираше со глава по центаршут од корнер, но топката помина покрај десната статива. Во 63-тата минута, најскапото засилување на Манчестер Сити, Елиот Андерсон, ја напушти играта повреден. На негово место влезе Матео Ковачиќ.

Во 79-тата минута, Борнмут беше блиску до втор гол. Даниел Џебисон шутираше со глава по центаршут од слободен удар, но Донарума направи врвна одбрана.

Во 84-тата минута, Марк Геи овојпат беше прецизен со глава, по центаршутот на Рајан Черки од корнер. ВИДЕО ГОЛ

Во дополнителното време, Јошко Гвардиол ја презеде улогата на напаѓач и го прати топката во мрежата, по додавање од Черки. Сити многу се мачеше, но на крај победи со 2-1.

Во другиот натпревар, Брајтон ја совлада Астон Вила со 4-0. Домашните постигнаа 4 брзи голови во првите 30 минути. Гостите останаа со 10 играчи, откако Жоао Гомеш доби црвен картон во 40-тата минута.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.