SportM
Фудбал

Манчини се пожали по триумфот против Швајцарија

Д М17 јун 2021
Манчини се пожали по триумфот против Швајцарија

Италијанската фудбалска репрезентација ја совлада Швајцарија со 3:0 во второто коло од групата А на ЕУРО.

Шест поени и 6-0 голови разлика во првите две кола им обезбеди на Италијанците нокаут фаза, но „аѕурите“ покажаа моќ, сила и ќе бидат сериозен конкурент до крајот на шампионатот кога е во прашање борбата за највисок рангирање.

После мечот, селекторот Роберто Манчини испрати порака до цела Италија, но имаше и една забелешка.

“Знаевме дека Швајцарија е силен тим и се мачевме во почетните минути. Момците реагираа одлично на некои ситуации, можевме да постигнеме голови порано, но победата е дојде и тоа е најважно”, рече Манчини и после продолжи.

“Не е тешко да се игра во вакви услови. Повторно игравме на топлина и момците го заслужија секој дел од резултатот”.

На крајот, Манчини имаше порака за Италија.

“Овој триумф ќе го посветиме на Италијанците кои страдаат, тие заслужуваат минути радост. Сега се свртуваме кон нова игра, ќе се подготвиме, бидејќи пред нас се нови предизвици”, истакна Манчини.

 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.