SportM
Фудбал

Манџукиќ доби нова понуда, а Рибери го убедува

Д М10 јул 2020
Манџукиќ доби нова понуда, а Рибери го убедува

Медиумите во Италија пренесуваат дека Марио Манџукиќ би можел да се врати во Серија А.

Поранешниот играч на репрезентацијата на Хрватска ја заврши својата епизода во Катар пред неколку дена, каде играше за Ал-Духаил, а таа вест, како што се очекуваше, го разбуди интересот на неколку клубови.

Се споменува дека Беневенто, Верона, потоа Интер го сакаат Манџукиќ, а сега е во игра трансфер во Фиорентина, чии лидери го гледаат како „ментор“ за младиот Душан Влаховиќ.

Ѕвездата на овој клуб, Франк Рибери, кој го познава искусниот напаѓач од Баерн, исто така е вклучен во целата приказна за доведување на Манџукиќ, а останува да се види дали тој конечно ќе го убеди да дојде во Фиренца.

Прашањето е дали Фиорентина може да ги задоволи апетитите на Манџукиќ. Тој, наводно, бара сума од пет милиони евра годишно.

Да потсетиме, Манџукиќ претходно играше во Италија од 2015 до 2019 година, успешно го носеше дресот на Јувентус.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.