SportM
Фудбал

Манџукиќ објасни зошто го избра Милан, тој издвои еден играч

Д М20 јан 2021
Манџукиќ објасни зошто го избра Милан, тој издвои еден играч

Марио Манџукиќ е нов член на Милан. Хрватскиот напаѓач вчера ја официјализираше соработката со „росонерите“.

По потпишувањето, Манџукиќ го даде своето прво интервју за веб-страницата на клубот, каде објасни зошто го избрал Милан.

„Има многу што беа пресудни да дојдам. Милан е еден од најдобрите клубови во светот. Политиката на клубовите ги исполнува моите амбиции. Доволно е да кажам Милан. Секој знае за колкава големина станува збор“, изјави хрватскиот напаѓач.

Секако, Манџукиќ ја искористи можноста да ја коментира соработката со Златан Ибрахимовиќ, за кого имаше само пофални зборови.

„Му се јавив на Ребиќ. Тој ми кажа многу убави работи. Верувајте ми, јас особено се радувам да играм со Златан Ибрахимовиќ. Отсекогаш сум го ценел како играч и сега имаме можноста да играме заедно“.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.