SportM
Фудбал

Мане е повреден, Ливерпул ги чекаат резултатите од прегледот

Д М24 јан 2020
Мане е повреден, Ливерпул ги чекаат резултатите од прегледот

Ливерпул синоќа успеа да ја продолжи серијата победи. Тие го совладаа Вулверхемптон со 1:2.

Сепак, навивачите на Ливерпул се исплашија кога Садио Мане мораше да го напушти теренот во 33-та минута поради повреда. Потоа беше заменет со новодојдениот Минамино.

Мане се пожали на болки во нозете, иако сè уште не беше познато која е повредата.

Во Ливерпул се надеваат дека станува збор за само блага повреда.

„Вистинска штета што Сдио мораше да излезе. Се надевам дека не е премногу лошо – само го истегна мускулот, но ќе видиме утре”, рече Јирген Клоп.

Без оглед на одличната форма на комплетниот состав на Ливерпул, евентуално посериозна повреда на Мане сигурно ќе беше голем удар за лидерите во Прелиер лигата.

Мане има одиграно 31 натпревар за Ливерпул во сите натпреварувања оваа сезона, постигнувајќи 15 голови и 11 асистенции.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.