Connect with us

Фудбал

„Мане ќе оди во Реал Мадрид, но заминувањето на Салах би било добро за Ливерпул“

Објавено:

Фантастичниот Сенегалец Садио Мане ќе стане новиот фудбалер на Реал Мадрид.

Барем така тврди поранешниот играч на Ливерпул, Мохамед Сисоко, и тврди дека за клубот од „Енфилд“ би било добро и заминување на Мохамед Салах.

„Го гледам Мане во Реал Мадрид пред Салах. Тој има карактеристики што ги сака Зинедин Зидан. Верувам дека Мане ќе замине во Реал Мадрид”, рече Сисоко, продолжувајќи:

„Не знам дали Салах ќе остане во Ливерпул, но мислам дека неговото заминување би било добро за тимот. Ливерпул го водат паметни луѓе и ќе знаат како да го заменат“, рече Сисоко.

Поранешниот играч од средниот ред на Ливерпул за овој тим играше од 2005 до 2008 година и одигра 87 натпревари. Потоа играше за Јувентус, ПСЖ и Фиорентина, и неколку други помалку познати клубови ширум светот.

Исто така, тој го носеше дресот на Валенсија и Оксер и играше за репрезентацијата на Мали каде одигра 33 натпревари.

Advertisement
Реклама
Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com