Мане одби да му подаде рака на Клоп по Јунајтед: Очигледно не ги сторив работите на вистински начин (ВИДЕО)

Ливерпул вчера го победи Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“ со 4-2 во големото англиско фудбалско дерби.
„Црвените“ одиграа многу добра партија и ги совладаа „црвените ѓаволи“, и задржаа некои шанси да играат во Лигата на шампионите следната сезона.
Sвездата на „Енфилд“, Садио Мане, доби шанса да игра на 15 минути пред крајот кога го замени Диого Јота и очигледно не го прифати добро тој факт.
После натпреварот, Мане одби да се ракува со менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, кој ги поздрави другите играчи на теренот.
Дури и играчите на Манчестер го прифатија поздравот на германскиот стручњак, а кога тој ја подаде раката кон Мане, тој одби и само одмавна со главата додека одеше кон соблекувалната.
https://twitter.com/i/status/1392954906944974861
Јирген Клоп зборуваше за оваа ситуација по натпреварот и тврди дека нема никакви проблеми меѓу него и Мане.
„Не, нема проблеми меѓу нас“, рече Клоп и додаде:
“Донесов доцна одлука за составот, доста доцна и го заменив Диого со Садио. Играчите се навикнати, но очигледно не го сторив тоа на вистински начин. Садио не беше премногу среќен, но сè е во ред,“ рече Клоп.
Bit disgraceful for Mane to act like this knowing how piss poor he's been all season. You want to play, score goals. Klopp made the right call today #MUNLIV #Liverpool pic.twitter.com/FEO0S1NbGq
— D🅰️niel (@DanielAlva85) May 13, 2021
Фановите на Ливерпул не се премногу задоволни од фактот дека Мане направи вакво нешто. Тие сметаат дека тој направи груб потег на страната на Јирген Клоп.
На крајот на краиштата, Мане се огласи на Инстаграм и само напиша:
„Големи три бода“.
Сенегалецот игра многу послабо во оваа сезона во споредба со минатата, па постигна 14 гола на 45 натпревари и забележа седум асистенции.



