Манолас кариерата ја продолжува во дресот на Наполи?

Грчкиот дефанзивец Костас Манолас веројатно ќе замине од Рома.
Манолас во претходната сезона беше неколку пати на излезната врата на римскиот клуб, кога интересот го покажаа Манчестер Јунајтед и Челзи.
Сепак, грчкиот репрезентативец ги одби овие понуди, но се чини дека дојде време за разделба со „Волчицата“. Италијанските медиуми денеска објавија дека Манолас одлучил да ја напушти Рома, но да остане во Серија А.
Според италијанскиот „Скај спорт“, овој играч постигна договор со Наполи и во следните неколку дена ќе биде објавено. Наполи и Рома нема да преговараат бидејќи клубот од Неапол одлучи да ја активира клаузулата за откуп од 36 милиони евра.
Очигледно, Манолас се согласил на заработка од 3,5 милиони годишно евра плус бонуси, во Наполи, и треба да потпише тригодишен договор. Манолас во Наполи го гледаат како идеален партнер со Кулибали, или замена за Раул Албиол кој ќе ја продолжи својата кариера во Виљареал.



