Мануел Нојер: Жал ми е за Лорис
Д М2 окт 2019

Баерн вчера во Лондон го посрамоти Тотенхем.
Баварскиот гигант славеше со 7:2 против Спарси, нанесувајќи му еден од нивните најлоши порази во последните 15 години.
Голманот на Баерн, Мануел Нојер имаше чувство на солидарност со противничкиот голман Уго Лорис, кој беше беспомошен.
„Што да кажам после ова? Жал ми е малку на Иго Лорис. Тој беше немоќен и прими седум голови дома. Тоа е горчлив вкус“, рече Нојер.
Баерн во следното коло ќе игра против Олимпијакос, додека Тотенхем ќе игра против Црвена звезда.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



