Марадона го напушти Дорадос поради здравствени причини
Д М14 јун 2019

Диего Марадона ја напушти тренерската позиција на мексиканскиот Дорадос де Синалоа по совет на лекарите, соопштија локалните медиуми.
– Според лекарски совет, ќе одвоиме потребно време за одржување на здравјето. Тој ќе претрпи две операции – на коленото и во рамото. Благодариме на Дорадос и ќе го продолжиме овој сон друг пат, изјави неговиот адвокат Матијас Морли во социјалната мрежа „Твитер“.
– Заедно го изненадивме светот. Покажавме страст кон фудбалот и големо срце. Ви благодариме за сè, ќе се видиме наскоро, пак, напишаа од Дорадос.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



