SportM
Фудбал

Марез играч на неделата во Лигата на шампионите

Д М7 мај 2021
Марез играч на неделата во Лигата на шампионите

Фудбалерот за врска на Манчестер сити, Ријад Марез е прогласен за играч на неделата во Лигата на шампионите.

Триесетгодишниот играч постигна два гола на мечот против ПСЖ, додека „граѓаните“ победија со 2:0 и се пласираа во финалето на Лигата на шампионите.

Во конкуренција за признанието уште беа и дефанзивецот на Манчестер сити, Рубен Дијас, како и фудбалерите на Челзи, Нголо Канте и Каи Хаверц.

Манчестер сити и Челзи на 29 мај во Истанбул ќе одлучуваат кој ќе биде нов европски фудбалски шампион.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.