SportM
Фудбал

Марфи: Ван Дајк заслужува да го победи Меси за Златната топка

Д М12 ное 2019
Марфи: Ван Дајк заслужува да го победи Меси за Златната топка

Поранешниот играч на Ливерпул, Дани Марфи изјави дека дефанзивецот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк, ја заслужува Златната топка повеќе од ѕездата на Барселона, Лионел Меси.

Холанѓанецот ја освои наградата за најдобар играч на УЕФА, додека Аргентинецот ја доби наградата за најдобар играч на ФИФА.

Покрај двајцата, кандидат за освојување на Златната топка е и ѕвездата на Јувентус, Кристијано Роналдо.

Марфи изјави дека Холанѓанецот треба да победи.

„За мене победник е Вирџил ван Дајк. Верувам дека тоа е од големо значење за Ливерпул. Тој е лидер и е од големо значење за другите натпревари. Кога се гледате себеси кога се натпреварувате со најдобрите играчи во светот, мора да сфатите дека Ван Дајк го заслужува тоа. Меси не успеа да му помогне на клубот да ја освои Лигата на шампионите“.

Ван Дајк и Ливерпул се непоразени на англиското првенство, додека Меси и Барселона се исто така лидери во шпанското првенство, но има три порази.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.