Марио Манџукиќ подготвува нешто неочекувано? Оваа одлука ќе изненади многумина

Манџукиќ се поврзуваше со враќањето во Италија и трансферот во Русија или Турција, а сега тука е и Белгија. Локалните медиуми пишуваат дека одличниот фудбалер може да се пресели во Клуб Бриж.
Веста дека Марио Манџукиќ го раскина договорот со катарскиот Ал-Духаил и стана слободен агент предизвика големо внимание во странските медиуми.
Локалните медиуми пишуваат дека искусниот играч може да се пресели во Клуб Бриж. Тие истакнуваат дека Maнџукиќ заработуваше седум милиони евра годишно во Катар, но, исто така, дека Клуб Бриж може да понуди добри услови, за кое сведочи и доведување на поранешниот голман на Ливерпул Симон Мињоле .
Како врска за оваа работа, Белгијците го гледаат менаџерот на Манџукиќ, Иван Цвјетковиќ, кој исто така се грижи за кариерата на дефанзивецот на Бриж, Матеј Митровиќ.
Руските медиуми неодамна стапија во контакт со Цвјетковиќ, кој им рече:
„Дали Манџукиќ има понуда од Русија? Марио штотуку стана слободен агент . Ние сакаме да ги избегнеме шпекулациите за неговата иднина, затоа не сум подготвен да го коментирам тоа. Само можам да кажам дека Марио дефинитивно ќе продолжи да игра“.
Клуб Бриж е шампион на тамошната лига, но треба да се каже дека сепак би било изненадување доколку 34-годишниот Манџукиќ заврши во Белгија.



