Марио Манџукиќ повторно пред трансфер кој ќе одекне во Европа

Хрватскиот напаѓач Марио Манџукиќ го раскина договорот со катарскиот „Ал Духаил“, во кој мина малку повеќе од половина година.
Манџукиќ пристигна во катарскиот клуб од Јувентус како огромно засилување, но се чини дека тој не успеа таму. Хрватот доби огромен договор од Ал Духаил, но јасно е дека во Катар не излезе се онака како како што очекуваше.
Искусниот напаѓач вчера потврди дека меѓусебно го раскинал договорот со овој клуб, и дека е слободен агент. Претходните денови се пишуваше дека тој дури може да потпише за Беневенто кој се врати во Серија А, но многумина веруваат дека ќе биде многу тешко да се случи тоа .
Имено, Манџукиќ најмногу се поврзува со турските клубови, Галатасарај и Бешикташ. Сепак, овој напаѓач доби понуда да ја продолжи кариерата од далечна Русија.
Медиумите во Русија пишуваат дека Локомотив од Москва веќе контактирал со Манџукиќ, и дека му понудиле двегодишен договор. Наводно, Ведран Чорлука, кој сè уште е член на овој клуб, доби задача да го убеди Манџукиќ да ја прифати понудата од Москва.
Според руските медиуми, преговорите траат повеќе од еден месец, а се чекуваше Манџукиќ да го раскине договорот во Катар со цел да се официјализира соработката со Локомотив Москва.



